Сунак не исклучи ништо во однос на воената помош за Украина

Од:

Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека „се е на маса“ во однос на воената помош за Украина, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски ги засили своите барања за помош од Запад пред разговорите со лидерите на ЕУ.

– Борбени авиони за Украина беа „дел од разговорот“, рече Сунак на заедничката прес-конференција со Зеленски, кој потврди дека ќе се приклучи на самитот на ЕУ в четврток. Тој побара и ракети со голем дострел.

Руската Амбасада во Велика Британија го предупреди Лондон да не испраќа борбени авиони во Украина, нагласувајќи дека таквиот потег ќе има последици за целиот свет.

Велика Британија ги објави плановите за проширување на програмата за обука на војската на Украина за да се осигура дека нејзините пилоти можат да летаат со софистицирани авиони според стандардите на НАТО.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков