Судски процес против девет припаднички на Фемен во Париз

Од:

Девет припаднички на органзиацијата Фемен, превдодени од украинката Ина Шевченко, кои станаа познати по нивните протести со разголени гради, се повикани пред Суд во Париз каде треба да одговараат за некои од нивните акции.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, тие се обвинети за штетите предизвикани во катедралата Нотр Дам (Богородичната црква) во Париз на 12 февруари 2013 година, за што е побарана парична казна од 1.500 евра.

Припадничките на Фемен влегоа во катедралата со голи гради и со слогани „Криза на религијата“, „Бај, бај Бенедикт“ и „Не хомофоб“, со што на невообичаен начин го одбелеаа повелкувањето на папата Бендеикт Шеснаесетти. Тие со парчиња дрва се обидоа даѕвонат на новите камбани на катедралата, при што оштетија една од нив.

Веднаш потоа тие беа насилно протерани од обезбедуваењето на катедралата при што на една припадничка на Фемен и беше скршен заб.

Припадничките на Фемен со обвинети за „оштетувања на добра во група на верски објект“ по пријавата поднесена од ректорот на катедралата, по што следуваше и пријава од обвинителот.

Од Католичката црква во Париз поскуваат да не се повторат вакви настани и припадничките на Фемен повеќе да не го нарушуваат мирот на црквите. Адвокатот на црквата се надева дека Фемен ќе бидат осудени приниципиелно, при што бара материјална оштета од 10.000 евра за камбаната.

В петок против Фемен ќе се одржи друго судење за „сексуална егзибиција“ во црквата во Мадлен на 20 декември 2013 година. Тогаш, една од припадничките на Фемен, која во меѓувреме го напушти движењето симулираше абортус во црквата, во која беа расфрлани делови од телешки црн дроб, кој претставуваше фетус.

Адвокатот на Фемен бара поништување на судската постапка бидејќи никој не поднел доказ дека имало оштетување. Припадничките на Фемен ризикуваат максимална казна за ова дело од седум години затвор и 45.000 евра парична казна.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Топлес активисти на Фемен прекинаа концерт на бендот на Вуди Ален

Ана Ололовска

Фемен против Марин Ле Пен

Ана Ололовска

ВИДЕО: Гола активистка на Фемен протестираше против Доналд Трамп

Предраг Петровиќ

Три активистки на Фемен го дочекаа Строс-Кан пред судот

Ана Ололовска

Фемен протестира во катедралата на Стразбур против доаѓањето на папата

Ана Ололовска

Видео: Кого го гаѓаа Фемен со долна облека?

Емир Латифовиќ