Судот во Стразбур ја осуди Велика Британија за кршење на правата на затворениците

Од:

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја осуди Велика Британија за кршење на правата на затворениците, затоа што не им дозволува да гласаат на изборите.

Пресудата се однесува на случајот со повеќе од илјада лица, кои биле во затвор во времето кога во земјата се одржувале избори на различни нивоа во периодот меѓу 2009 и 2011 година.

Со оваа пресуда не се опфатени луѓето кои се осудени за тешки кривични дела, за извршени злосторства и за тероризам, туку само осуденици за полесни кривични дела и со помали затворски казни.

Ова е четврти пат, Судот во Стразбур да ја прогласува Велика Британија за виновна, кога станува збор за прекршување на човековите права на затворениците, поради одземеното право на глас, додека овие луѓе се наоѓаат на отслужување на затворските казни.

Судот одново побара од британската Влада да го промени законот што го забранува правото затворениците да гласаат на избори во затворите низ Велика Британија.

Претходната лабуристичка Влада, како и сегашната колаиција на конзервативците и либералдемократите, одбиваат да ги прифатат барањата на Судот во Стразбур, но не прават ништо ниту за регулирање на ова прашање, околу кое Европскиот суд и Лондон подолго време водат спор.

Претставник на британското Министерство за правда денеска одново ја отфрли пресудата.

– Владата од секогаш има јасна позиција по ова прашање, останувајќи на позицијата дека гласањето на затворениците е работа за која ќе одлучува исклучиво само Велика Британија, изјави претставникот на ова Министерство.

Спорот на официјален Лондон со Судот во Стразбур се заостри откако евроскептичните конзервативци во Владата на премиерот Дејвид Камерон и пратеници во Парламентот почнаа да инсистираат за враќање на дел од овластувањата што Велика Британија и ги има префрлено на ЕУ, при што на прво место се наоѓаат работите од правосудниот сектор.

Претставникот на Министерството за правда сепак изрази задоволство што Судот за човекови права ги отфрлил барањата за надомест и за наплата на отштета за затворениците.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он