Судот во Келн го отфрли обвинението против поранешен нацистички војник за масакр во село во Франција

Од:

Судот во германскиот град Келн денеска го отфрли обвинението против 89-годишниот поранешен германски војник осомничен дека учествувал во едно од најтешките нацистички злосторства  во Франција, масакрот во селото Орадур-сир-Глан, објавија германските медиуми.

Во соопштението на судот се наведува дека нема доволно докази за да му се суди на 89-годишниот Вернер Ц., кој во јануари беше обвинет за учество во масакрот од 1942 година врз 642 мажи, жени и деца во ова село на југозапад од Франција, пренесоа американските медиуми.

Судот во Келн наведува дека осомничениот не негира дека за време на масакрот се наоѓал во споменатото село, но тврди дека не испукал ниту еден куршум и ниту на било кој начин учествувал во масакрот.

Од расположливите документи и изјави на сведоците не е можно да се докаже дека Вернер Ц. учествувал во масакрот во Орадур-сир-Глан, соопшти судот.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта