Судот во Хаг ќе спроведе прелиминарна истрага за израелскиот напад врз меѓународниот конвој бродови

Од:

Обвинителството на Меѓународниот монетарен суд во Хаг најави синоќа дека ќе отвори прелиминарна истрага за нападот на израелски командоси врз меѓународниот конвој бродови за Појасот Газа на мај 2010 година, при што загинаа деветмина турски пропалестински активисти.

Обвинителката Фатоу Бенсоуда во соопштението наведува дека е обврзана да отвори таква истрага на барање на државата во која бил регистриран еден од бродовите.

Мал број прелиминарни истраги резултирале со целосна истрага или судење. Активистите повеќе пати се обидоа да го вклучат судот во Хаг во израелско-палестинскиот спор, но судот досеаг одбиваше да спроведе истрага.

Израел и Турција со посредство на САД работат за обнова на дипломатските односи, прекинати по израелскиот упад на турскиот брод „Мави Мармара“, кој беше дел од флотилата бродови со пропалестински активисти за Појасот Газа.

Би можело да ве интересира

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

Хамас ги повика поддржувачите ширум светот со оружје да се борат против планот на Трамп за Газа

Во Газа пронајдени 14 тела на хуманитарци

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут