Судот против обидот на „Бритиш Ервејз“ да го спречи најавениот штрајк

Од:

Апелацискиот суд во Британија го отфрли денеска обидот на авиокомпанијата „Бритиш Ервејз“ да го спречи најавениот штрајк на своите пилоти, соопшти синдикатот на пилотите.

Судот денеска со право го отфрли обидот на „Бритиш Ервејз“ да ја забрани таквата акција врз основа на техникалии, изјави генералниот секретар на Синдикатот на пилоти БАЛПА, Брајан Стратон.

– БАЛПА сака тоа прашање да го реши со преговори, па не објавуваме датуми за штрајкот. Наместо тоа побаравме од „Бритиш Ервејз“ натамошни разговори и тие се договорија до крајот на неделата да се состануваме во последен обид овој спор да се реши со преговори, нагласи Стратон.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он