Судири во Триполи при обид владата на Фати Башага да ја преземе власта од ривалскиот кабинет на Абдел Дбеиба

Од:

Во Триполи денеска повторно дојде до судири откако либиската влада назначена од Парламентот и поддржана од маршалот Калифа Хафтар, најави влез во главниот град каде што е сместен ривалскиот кабинет.

Прес-службата на Владата преку соопштение објави „пристигнување на премиерот на либиската влада Фати Башага, придружуван од министри, во главниот град Триполи за да започне со работа“.

Владата што заседава во Триполи се уште не одговорила на соопштението.

Набргу по влегувањето на владата на Башага во Триполи избувнаа судири меѓу вооружени групи, јавија западни медиуми.

Парламентот во источна Либија во февруари годинава го назначи поранешниот министер за внатрешни работи Башага за премиер. Тој сепак досега не успеа да ја смени извршната власт во Триполи предводена од бизнисменот Абдел Хамид Дбеиба, кој постојано повторуваше дека ќе ја отстапи власта само на легитимно избрана влада.

Кабинетот на Дбеиба беше формиран во 2020 година како резултат на политички процес под покровителство на ОН. Неговата главна задача беше одржување парламентарни и претседателски избори, првично закажани за декември минатата година, но одложени на неодредено време.

Политичките противници на Дбеиба сметаат дека со одложувањето на изборите завшил неговиот премиерски мандат.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пронајдени два и пол тони ураниум што исчезнаа во Либија

Ана Ололовска

Во Либија исчезнаа два и пол тони природен ураниум: „Ова е причина за загриженост“

Ана Ололовска

Либанските штедачи насила си ги земаат заробените пари од банките

Турција и Либија потпишаа енергетски договор, Грција и Египет го оспоруваат

Катерина Павлова-Николовска

Најмалку 13 загинати во судирите во главниот град на Либија

Улични борби во Триполи