Судири во Либерија поради карантинот, откажани летови поради еболата

Од:

Силите за безбедност во Монровија денеска отворија оган и фрлија солзавец со цел да растераат група луѓе кои ги нападнаа со камења при обид да побегнат од карантин, кој е воведен поради еболата.

Во судирите повредени се најмалку четири луѓе.

Епидемијата од ебола досега однесе повеќе од 1.400 животи, а преку 2.300 луѓе се заразени со смртоносниот вирус.

Либерија е најтешко погодена од заразата поради што во државата се воведени вонредни мерки, меѓу кои и затворање на приодите до главниот град. Еболата се шири и во Сиера Леоне и Гвинеја, а ја зафати и Нигерија.

СЗО предупреди дека државите погодени од епидемијата почнуваат да чувствуваат недостиг од гориво и храна откако воздухопловни и поморски компании го укинаа сообраќајот кон државата.

„Бритиш Ер“ ги прекина летовите кон Монровија и Фритаун, додека синдикатот на „Ер Франс“ повика да се откажат летовите кон овие подрачја.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски