Судири во историскиот дел на либанскиот град Триполи

Од:

Најмалку едно лице загина, а 17 се ранети во судирите меѓу војската и исламските екстремисти во историскиот дел на либанскиот град Триполи, изјавија денеска либански официјални претставници.

Ова е првпат од избувнувањето на граѓанската војна во соседна Сирија, во март 2011 година, насилството во Триполи да се прошири на Сук, трговската зона од градот, која се наоѓа на списокот на светско културно наследство на УНЕСКО, пренесоа француските медиуми.

Либанска војска доцна синоќа ги нападнала екстремисте кои се криеле во овој дел од градот, а во размената на огнот погинале еден напаѓач, додека девет војници и осум цивили се ранети, меѓу кои и новинар на еден либански весник.

Војниците се обиделе да ги евакуираат семејствата заробени внатре во трговската зона, каде многу дуќани се запалени во пресметката.

Триполи беше средиште на повеќе судири меѓу сунитските екстремисти, кои ги поддржуваат бунтовниците во соседна Сирија, и Алавитите, кои го поддржуваат режимот во Дамаск.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски