Судири во Хеброн во пресрет на „Денот на земјата“

Од:

Судири меѓу Палестинци и израелски сили за безбедност се случија синоќа во Хеброн на Западниот Брег, во пресрет на очекуваните демонстрации по повод „Денот на земјата“.

Секоја година на 30 март Палестинците ја одбележуваат смртта во 1976 година на шестмина израелски Арапи за време на протести против конфискацијата на палестинските земји од израелски власти.

Палестинските сили за безбедност во Хеброн истакнаа дека стотици лица учествувале во две демонстрации вчера, едната во центарот на градот, а другата – јужно од Хеброн.

Портпаролот на израелската армија изјави дека 150 Палестинци фрлале камења врз израелските сили, кои одговориле со средства за разбивање на демонстрации.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци