Судири и повредени на Западниот Брег на протестот на „Денот од катастрофата“

Од:

Неколку Палестинци денеска се повредени во судирите со израелските сили на окупираниот Западен Брег, и тоа на денот кога Палестинците ја одбележуваат годишнината од Накба – (катастрофа, на арапски јазик), што за нив претставува создавањето на Израел пред 69 години, пренесуваат француските медиуми.

Единаесет Палестинци се префрлени во болница, откако биле ранети од гумени куршуми во судирите на контролниот пункт Бет Ел, на излезот од Рамала, изјави извор од службите за брза помош.

Десетици млади Палестинци фрлале камења врз изрелските војници, распоредени крај контролниот пункт, кои на нападитѕе возвратиле со средства и техника за борба со безредија.

Во Витлеем неколку стотици Палестинци, облечени во црни маици со натпис „1948“ (годината на создавањето на еврејската држава) со камења фрлале врз израелските сили, кои ги држеле на растојание со гумените куршуми, флеш гранати и солзавец, јавија француските медиуми.

Секоја година на 15 мај Палестинците го одбележуваат Накба – синоним на прогонот или бегството на стотици илјади луѓе од нивната земја во 1948 година.

Според палестински официјални податоци, низ светот живеат над 12 милиони Палестинци, од кои половината се на окупираните територии и Израел. Повеќе од 5,5 милиони се регистрирани од ОН како бегалци.

Пред судирите кај контролниот пункт, неколку илјади лица учествуваа во настан под палестински знамиња во Рамала. Тие носеа огромен клуч – традиционалниот симбол на нивните изгубени домови, во кои се надеваат дека ќе се вратат по израелско-арапскиот конфликт.

Правото на враќање е едно од главните барања на Палестинците и едно од најтрнливите прашања во обидот за постигнување мир со Израел, по приближно 70 години долгиот конфликт.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци