Судењето на Никола Саркози продолжува вo понеделник

Од:

Судењето во предметот „Прислушување“ во кој му се суди и на поранешниот француски претседател Никола Саркози, продолжува в понеделник, откако беше одбиено барањето за негово одложување.

Судењето на Никола Саркози беше прекинато минатиот понеделник, но откако денес Парискиот кривичен суд го отфрли барањето за одложување, од здравствени причини, на еден од неговите обвинети Жилбер Азибер, (73 години), тоа ќе продолжи идниот понеделник.

Медицински експерт утврдил дека Жилбер Азибер, бил способен да се појави, судот го одбил неговото барање за одложување и му наложил да се појави „лично“ во понеделник во 13:30 часот, пред повторно да го прекине рочиштето до овој датум.

Во овој предмет, за прв пат во Франција му се суди на поранешен француски претседател, поради обвиненија за корупција и вршење илегално влијание врз судството, Никола Саркози, ризикува максимална казна затвор од десет години. Обвинението го товари 65-годишниот Никола Саркози, неговиот адвокат Тјери Херцог и поранешниот висок судски функционер Жилбер Азибер за корупција и нелегално вршење влијание врз судството, поради што ризикуваат десет години затвор и парична казна од еден милион евра.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Фетаи: Извештајот на Транспаренси интернешнл е резултат на криминалното владеење на СДСМ и ДУИ

Индекс на перцепција на корупцијата: Македонија на 88 место заедно со Казахстан, Суринам и Виетнам

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина