Суданскиот претседател положи заклетва за нов петгодишен мандат

Од:

Суданскиот претседател Омар Хасан ал Башир денеска положи заклетва за нов петгодишен мандат, по изборите на кои имаше слаба излезност и бојкот на опозицијата.

– Судан ќе бара со отворено срце да се продолжи дијалогот со западните држави во напорите за враќање на односите во нормала, изјави Башир во своето обраќање, откако положи заклетва во Парламентот.

Ал-Башир во април повторно е избран на функцијата претседател со 94 отсто од гласовите, но повеќето опозициски партии целосно или делумно ги бојкотираа изборите, обвинувајќи ја Националната конгресна партија за местење на изборите.

На денешната церемонија присуствуваа претседателите на Египет, Зимбабве и Кенија. Омар ал Башир владее со Судан од 1989 година, откако дојде на власт по државен удар.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

Орце Костов

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска