Суданскиот претседател Ал Башир ја напушти Јужна Африка

Од:

Суданскиот претседател Омар ал Башир, кого Меѓународниот кривичен суд го товари за извршени воени злосторстава, ја напушти Јужна Африка, надмудрувајќи го судскиот налог за апсење.

Врховниот суд на Јужна Африка во Преторија, требаше денеска да одлучува за тоа дали Ал Башир ќе му се предаде на Меѓународниот кривичен суд.

Во Јоханесбург, суданскиот претседател престојуваше на Самитот на лидерите од земјите на Африканската Унија (АУ).

Вчера, судот во Преторија издаде налог, според кој претседателот на Судан не може да замине од Јужна Африка. Меѓународниот кривичен суд веднаш побара од јужноафриканските власти тој да биде уапсен и потоа екстрадиран.

Ал Башир требаше да остане, додека судот не одлучи дали ќе биде префрлен во Меѓународниот кривичен суд, или ќе може да замине во Картум. Засега не е познато како заминал, но домашните медиуми најавуваат дека во Картум е најавена прес-конференција, по пристигнувањето на Ал Башир во суданскиот главен град.

На започната расправа во Врховниот суд во Преторија, адвокатите кои ја застапуваат јужноафриканската влада изјавиле дека името на Ал Башир не било на листата на патниците кои заминале од Јоханесбург.

Претседателот на Судан е обвинет од Кривичниот суд за воени злосторства и за геноцид, извршен кон сопствениот народ во борбите во Дарфур.

Повеќе од 300 илјади луѓе беа убиени во граѓанската војна што почна во 2003 година, а други два милиони побегнаа или беа раселени, во обидот да се спасат од насилството и гладот со кои се соочуваа. Владините трупи и арапски муслимански милиции учествуваа во убивањето на африкаски цивили.

Омар ал Башир е на власт од 1989 година, со воен удар.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

Орце Костов

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска