Најмалку 136 цивили убиле бунтовниците за време на претседателските избори во Судан, соопшти гувернерот на државата Јужен Кордофан, Адам ал Факи
Тој рече дека цел на бунтовниците биле цивилните зони со намера да го попречат гласањето. Во тие напади ранети се 150 лица, пренесува Танјуг.
Бунтовниците се борат против владините сили во Јужен Кордофан и уште два региона, а за време на тие судири во изминатите години, расселени се повеќе десетици илјади лица.
Бирачките места се затворени во четвртокот, а резултатите се најавени на 27 април, кога се очекува да победи претседателот Омар ал Башир и така да го продолжи своето 25-годишно владеење, откако опозицијата ги бојкотираше изборите.