Судан ослободува затвореници

Од:

Суданските власти објавија дека ќе ги пуштат на слобода сите луѓе уапсени за време на протестите против претседателот Омар ал-Башир.

Државната разузнавачка и безбедносна служба (НИСС) од почетокот на демонстрациите во декември уапси повеќе од 1.000 демонстранти, лидери на опозицијата, активисти и новинари.

– Шефот на НИСС издаде наредба за ослободување на сите лица уапсени за време на инцидентите, стои во соопштението на Министерството за информации.

Заменикот на началникот на суданскиот Генералштаб претходно изјави дека армијата е „подготвена да одговори на секоја закана“. Тоа беше првпат од почетокот на протестите армијата да се огласи.

САД и ЕУ месецов го повикаа Судан да ги ослободи „арбитрарно“ уапсените активисти.

Ал-Башир, кој е на власт од 1989 година, ги отфрли барањата да поднесе оставка.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

A1on

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска