Суд во Виена денеска им изрече 42,5 години затвор на членовите на бандата „Пинк Пантер“

Од:

Суд во Виена денеска осуди шест членови на меѓународната криминална банда „Пинк Пантер“, државјани на Србија, на вкупно 42,5 године затвор.

Шестте осудени Срби, на возраст меѓу 28 и 33 години, минатата година во Виена ограбиле три златарници и при тоа украле накит во вредност од 228.000 евра.

Шефот на бандата, триесетгодишниот Никола К. осуден е на 9,5 години затвор, а останатите пет членови, во зависност од соучесништвото и досегашните кривични прекршоци, на пет до девет години затвор.

Свие изречени пресуди се правосилни, бидејќи не е најавена жалба.

Осумничените Срби пред судот, со кој претседаваше Петер Либетрој, ги признале сите дела за кои се товарат, но воедно тврделе дека не се чланови на „Пинк Пантер“ мрежата.

Никола К, кој директно учествувал во сите три грабежи, изјавил дека наводно е шеф на бандата што ја сочинувале само осомничените.

Никола, подоцна, на 13 јули, заедно со еден земјак, ја ограбил златарницата „Бодрум“ во 21-от округ. Притоа однел злато во вредност од 89.600 евра. Само месец подоцна, на 18 август, недалеку од оваа златарница тој ограбил уште една, при што бил возач на автомобилот за бегство. Во овој грабеж учествувале уште три лица, кои однеле накит во вредност од 55.500 евра.

Последниот грабеж, меѓутоа, бил кобен за бандата, бидејќи полицијата им влегла во трага и само чекала момент за апсење.

Би можело да ве интересира

Австриската полиција трага по тројца Срби осомничени за убиство

Горан Наумовски

Петгодишно момче загина во одрон во Австрија

Горан Наумовски

Малолетничка од Црна Гора сакала да изврши напад во Грац

Горан Наумовски

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија