Суд во Њујорк го прогласи братот на претседателот на Хондурас за виновен за трговија со кокаин

Од:

Судот во Њујорк го прогласи за виновен за трговија со кокаин Тони Ернандес (41), братот на претседателот на Хондурас, Хуан Орландо Ернандес.

По две недели судење, тој е прогласен за виновен во однос на четири обвиненија, меѓу кои и трговија со дрога, лажно сведочење и поседување огнено оружје. Тони Ернандес може да биде осуден и на доживотен затвор.

Судот изнесе докази според кои постои поврзаност меѓу трговијата со дрога и финансирањето на претседателот Хондурас и неговата партија, кои Хуан Ернандес ги отфрли како неточни.

Претседателот на Хондурас ја осуди пресудата, додека опозицијата во земјата повика на протест, барајќи негова оставка.

Инаку, обвинителот на почетокот на судењето рече дека претседателот на Хондурас, исто така, примал милиони долари мито од мексиканскиот крал на дрогата Хоакин Гусман, познат како Ел Чапо.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски