Студентите во Њујорк ќе мораат да се вакцинираат ако сакаат да следат предавања

Од:

Студентите на Државниот универзитет во Њујорк (СУНУ) и Градскиот универзитет во Њујорк (ЦУНУ) ќе бидат обврзни да се вакцинираат протов Ковид-19 доколку планираат да посетуваат настава оваа есен, соопшти гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо.

Барањето, кое ги опфаќа над 435.000 редовни студенти, се случува во момент кога Куомо и други официјални претставници нудат голем број можности, со цел да ги поттикнат луѓето да се имунизираат, бидејќи е забележано намалување на побарувачката за вакцини.

– Веќе нема изговори. Одборите на СУНУ и ЦУНУ ќе бараат задолжитено вакцинирање за сите студенти кои на есен ќе се вратат на факултетите, истакна Куомо.

Гувернерот, кој има извршна моќ над метроата во Њујорк, исто така, најави дека патниците ќе добијат бесплатни седумдневни пропусници за системот за вакцинација на пунктови на станиците, каде ќе се даваат вакцини на производителот Џонсон и Џонсон, почнувајќи од утре.

Приградските железнички служби, Лонг ајленд рејлроуд и Метро норт, ќе понудат две системски еднонасочни карти за патниците кои ќе примат вакцина на нивните станици.

– Размислете за ова. Секако влегувате во метро станиците. Минувате покрај местата за вакцинација. Тоа е еднократна вакцинација. Застанете, одвоите неколку минути и примите вакцина, додаде Куомо.

Куомо, кој минатата недела најави договор за купување билети со Јенкис и Метс, двата главни бејзбол клуба во Њујорк, рече дека половина од билетите за претстојниот плејоф натпревар на Националната хокејска лига во Њујорк ќе бидат резервирани за вакцинираните навивачи. гт/

2021-05-11 16:29:00, од Габриела Точко

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД