Студент ја сними Земјата од вселената

Од:

Кога НАСА би го направила овој проект веројатно би и била потребна сума од која боли глава, но за еден студент од Велика Британија снимките на Земјата направени од вселената чинеа само 250 евра.

Адам Кадворт (19) од Омберсли направи неверојатни фотографии со помош на балон и камера купени преку интернет.
Бидејќи неговите знаења од физика се такви какви што човек може да ги добие во средно училиште, тој морал да помине само 40 часа работејќи на една кутија со Џи-Пи-Ес, радио и микропроцесор, која со балон ја пратил во вселената.
По дваипол часа, неговото дело стигнало во земјината стратосфера и на висина од 33.600 метри ги создало снимките.
Откако завршила нејзината мисија кутијата паднала на Земјата.

Потоа со помош на Џи-Пи-Ес-от, сличен на оние кои се користат во автомобилите за лоцирање, го пронашол паднатиот изум.
Адам студира на Универзитетот во Нотингем, а вели дека се ова го направил од хоби.

„Сакав предизвик, но се изненадив од резултатите. Прочитав за еден човек кој го направи сето ова пред неколку години, па сакав и јас да го направам истото“, вели тој.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата