Строс Кан: Се враќам во политиката, оргиите се нормална работа

Од:

Поранешниот шеф на ММФ Доминик Строс Кан, посрамотен поради сексуалните афери, планира враќање на политичката сцена. Тоа го објави во интервју во францускиот политички неделник „Le Point“, прво после една година молчење и криење од очите на јавноста. Освен што најави враќање на политичката сцена, Строс Кан се обиде да се оправда пред француската јавност, тврдејќи дека оргиите се сосема нормална појава во високото париско друштво.

– Повеќе немам никаква политичка одговорност, не извршувам никаква политичка функција, не сум осуден во ниту една земја, но жртва сум на медиумски линч и сакам тоа да престане – вели Строс Кан и додава дека повторно сака да учествува во големи меѓународни проекти бидејќи тоа го заслужува и има целосно право на тоа.

– Важно е да се потенцира дека тоа што се случи во хотелската соба не е противзаконски – вели поранешниот шеф на ММФ, кој и натаму тврди дека неговиот однос со собарката во хотелската соба бил доброволен. Иако повеќето обвиненија против него се отфрлени, во ноември судот треба да одлучи дали ќе продолжи процесот.

– Долго верував дека својот живот можам да го живеам како што сакам, што вклучува и оргии. Не би верувале колку такви забави секојдневно се организираат во Париз и кои луѓе на нив можете да ги сретнете. Бев наивен – се правда Строс Кан.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски

ММФ: Македонската економија се опоравува, од суштинска важност намалување на емиграцијата и поттикнување на продуктивноста

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

Мицкоски: Поради епската неспособност на Владата имаме двојно промашување од прогнозата на ММФ и за 50% повисока инфлација од државите во ЕУ