Странските туристи во Франција од идната недела ќе плаќаат за тест за Ковид-19

Од:

Од идната среда (7 јули) странските туристи во посета на Франција ќе треба да платат за тест за Ковид-19, изјави владиниот портпарол Габриел Атал.

– Одлучивме дека странските туристи треба да плаќаат за тестовите – 49 евра за PCR тестот и 29 евра за антиген тест. Ова е реципроцитет затоа што Французите кои патуваат во странство треба да плаќаат за овие тестови во повеќе земји, изјави Атал.

Претходно, водечкиот научен советник на француската влада, Жан-Франсоа Делфреси, изјави дека Франција веројатно ќе има четврти бран на Ковид-19 поради појавата на Делта сојот на вирусот.

Би можело да ве интересира

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Песков ја обвини Франција за лаги и кршење на договорите од Минск