“Странци, губете се!“ Полјаците први на удар во Велика Британија по референдумот

Од:

По изгласувањето на Брегзит, се засилуваат ксенофобични и расистички инциденти во Велика Британија.

Први на удар се Полјаците за кои се испишани ксенофобични графити низ цела Британија.

-Ја напуштаме ЕУ и ќе ги снема полските штетници, се дел од напишаните графити.

На зградата на Полското културно друштво кое е отворено во 1974 година, испишан е графит со кој на Полјаците им се порачува да ја напуштат Велика Британија.

Според локалните медиуми, поединци по куќи делат или оставаат на авотмобилите летоци кои се против странците во Велика Британија.

Англиската полиција соопшти дека се делени летоци и за тоа е покрената истрага за мотивирање на расна омраза.

Полската амбасада во Лондон изрази загриженосѕ поради ксенофобијата насочена кон полската заедница како и останатите мигрантски заедници во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска