Стотина мигранти преку таен тунел од Белорусија влегувале во ЕУ

Од:

Полските граничари открија масовен премин и во тек е голема операција во која повеќето од мигрантите се приведени, додека по останатите сè уште се трага.

Повеќе од 180 странци нелегално влегле во Полска од Белорусија преку тунел ископан под граничната ограда во близина на градот Наревка во Подлаското Војводство.

Полските граничари открија масовен премин и во тек е голема операција во која повеќето од мигрантите се приведени, додека по останатите сè уште се трага.

Благодарение на интегрираните електронски системи, граничарите успеаја брзо да ја лоцираат групата откако излезе од тунелот на полска територија. Во голема операција за пребарување во која учествуваа војници, полицајци и кучиња трагачи, беа приведени повеќе од 130 мигранти. Повеќето од уапсените беа државјани на Авганистан и Пакистан, но во групата имаше и лица од Индија, Непал и Бангладеш.

Откриениот тунел е долг речиси сто метри и висок околу метар и пол. Влезот бил скриен во шумата на белоруска страна, околу педесет метри од границата, додека излезот бил само десет метри на полска територија.

Во исто време со мигрантите, приведени се двајца возачи – 69-годишен Полјак и 49-годишен Литванец. Тие се осомничени за организирање на шверц на мигранти понатаму кон Западна Европа, а во тек се понатамошни истраги.

Ова е четвртиот ваков тунел откриен оваа година од страна на службениците на огранокот Подласки на Граничната стража. Граничната стража нагласи дека комбинацијата од електронски и физички мерки за заштита на границите овозможила брз одговор на овој обид за кршење на државната граница.

Би можело да ве интересира

Туск: Полска сака максимално добри односи со Велика Британија за евентуална одбрана од Русија

Путин: Употребата на нуклеарното оружје е крајна мерка

Русија испорача нуклеарна муниција на Белорусија

„Политико“: Хегсет го изненади Пентагон со повлекувањето на американските трупи од Полска

Полска подготвува армија од 500.000 луѓе

Поранешниот полски министер за правда избегал и од Унгарија, сликан на аеродром во САД