Стотици патници на новозеландски брод заразени од стомачен вирус

Од:

Околу 200 патници на брод во водите на Нов Зеланд се заразиле од стомачен вирус, соопштија здравствените власти во Велингтон.

Болните биле веднаш изолирани во своите кабини на бродот „Дон Принсес“, каде ќе останат се додека не се процени дека повеќе не се заразни. Вирусот предизвикува болки во стомакот, вртоглавица, повраќање и дијареа, а трае најмногу три дена.

Екипажот веднаш го дезинфицирал бродот, а на останатите патници им препорачале да ги мијат често рацете и да користат дезинфекциски средства.

На бродот се наоѓале 1.500 патници, кои денеска требале да тргнат за Австралија, завршувајќи го своето 13-дневно крстарење.

Сличен инцидент се случил на истиот брод пред две години, кога 125 патници се разболеле за време на патувањето во Аљаска.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Земјотрес во Нов Зеланд со јачина од 6,2 степени

Ана Ололовска

Новозеланѓаните кои живеат во Австралија четири или повеќе години ќе можат да аплицираат за државјанство

Ана Ололовска

11 лица загинаа во невремето „Габриел“ во Нов Зеланд

Горан Наумовски