Стотици мигранти ја минаа границата на Гватемала со Мексико

Од:

Стотици луѓе, мигранти од Централна Америка, денеска ја преминаа границата на Гватемала со Мексико. На телевизиските снимки се гледа колона на мигрантите кои се насочуваат кон јужниот мексикански град Тапачула, откако ја преминале реката Сучиате, која ги дели Мексико и Гватемала.

Во малиот град Фронтера Хидалго, сместен на бреговите на реката Сучиате, стотици мигранти запреа за да се одморат пред да го продолжат своето патување. Мексиканските безбедносни сили ги забележале мигрантите, но не интервенирале, тврдат сведоци.

Некои од мигрантите добиле обрасци за да побараат азил во мексиканската агенција за азил “КОМАР”. Повеќето мигранти сакаат да одат во САД, но американскиот претседател Доналд Трамп врши притисок на Мексико да донесе построги мерки за спречување на приливот на мигранти.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто