Стотици климатски активисти пристигнаа во Глазгов, меѓу кои и Грета Тунберг

Од:

Стотици активисти пристигнаа во Глазгов за да извршат притисок врз светските лидери да дејствуваат за заштита на климата пред почетокот на COP26, состанокот клучен за иднината на планетата.

Многумина од нив пристигнаа пешачејќи десетици, па дури и илјадници километри, означувајќи го почетокот на митинзите кои се одржуваат во исто време со климатската конференција на ОН, која завршува на 12 ноември во тој шкотски град.

Синоќа, младата шведска активистка Грета Тунберг пристигна со воз во Глазгов, откако еден ден претходно присуствуваше на митингот на млади еколошки активисти во Лондон против улогата на финансиските институции во климатската криза.

Активистите, кои пристигнаа од Шпанија, Белгија, но и од Шкотска, претходно маршираа низ центарот на градот, носејќи транспаренти со слогани како „Ајде да дејствуваме сега“, „Акции, а не зборови“ и „Стоп за фосилната енергија“, на повикот на групата „Потиснување на бунтот“.

На Самитот треба да присуствуваат повеќе од сто лидери, меѓу кои и американскиот претседател Џо Бајден, францускиот Емануел Макрон и претседателот на Индија, Нарендра Моди.

Се очекува да пристигнат и илјадници климатски активисти од целиот свет. Организаторите проценуваат дека ќе има околу 100.000 на големиот собир закажан за петок.

Шкотската полиција соопшти дека околу 10.000 полицајци од цела Велика Британија ќе бидат распоредени на улиците на Глазгов секој ден за време на COP26, што е најголемата безбедносна активност досега организирана во Шкотска.

Би можело да ве интересира

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

A1on

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска

Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти

Ана Ололовска

Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Ана Ололовска