Стотици илјадници муслимани пристигнуваат во Саудиска Арабија на аџилак

Од:

Стотици илјадници муслимански верници од целиот свет денеска пристигнуваат во Саудиска Арабија да учествуваат на овогодишниот аџилак.

Ријад воведе сериозни безбедносни мерки откако Саудиска Арабија влезе во војнатпротив џихадистите од „Исламската држава“.

Речиси два милиони лица, претежно од Азија и Африка се очекува да учествуваат на годишното поклонение, аџилак, кое официјално започнува в четврток.

Освен санитарните мерки кои се преземени поради опасноста од Ебола, властите ги зголемија мерките за безбедност, бидејќи Риад се ангажира во воената операција против „Исламската држава“ во Сирија.

Министерот за внатрешни работи принцот Мухамед ибн Најеф ги замоли верниците да одбегнуваат политички и идеолошки слогани за време на аџилакот.

Саудиска Арабија каде се наоѓаат двете најсвети места за муслиманите, мобилизираше 85.000 припадници на безбедносните сили кои гарантираат дека аџилакот ќе мине без проблеми.

Саудиска Арабија забрани влез на нејзината теритотираја на државјани на Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, трите земји кои се најтешко погодени од ебола, болест од која од почетокот на годината во Западна аАрика починаа 3000 лица.

Но за разлика од овие три земји, државјаните на Нигерија каде од еболата починаа десет лица, добија дозвола да патуваат на овој најголем собир на муслиманите во светот.

Би можело да ве интересира

Најмалку 550 аџии починаа за време на аџилак во Мека поради топлотен удар

Горан Наумовски

Саудиска Арабија ќе организира аџилак во Мека оваа година

ВИДЕО: Започна чествувањето на Рамазан во Мека, во затворен простор се примаат само вакцинираните и имуните верници

Жарко Настоски

На мал аџилак во Мека ќе можат да одат само вакцинирани или со стекнат имунитет од Ковид-19

Жарко Настоски

ВИДЕО: Муслиманите на аџилак во Мека со почитување на заштитните мерки

Жарко Настоски

Аџилакот во Мека почна со ограничен број верници

Ана Ололовска