Столтенберг: Путин се подготвува за нова војна

Од:

Посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Киев испрати јасна порака за непоколеблива поддршка за Украина и американската „цврста посветеност на безбедноста на Европа“. Ова денеска го истакна генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во обраќањето на Самитот на Букурешкиот формат (Б-9) во Варшава.

Столтенберг се обрати по Бајден и рече дека е „многу задоволен и импресиониран“ од „извонредното лидерство“ на американскиот претседател.

Тој посочи дека Владимир Путин „се подготвува за нова војна“ и дека НАТО сојузниците мора да ја одржат и да ја зајакнат поддршката за Украина.

„Мораме да и го дадеме на Украина тоа што и е потребно за да победи. Не знаеме кога ќе заврши војната, но кога ќе заврши, мораме да обезбедиме историјата да не се повтори. Видовме руска агресија во текот на многу години – Грузија во 2008 година, Крим и Донбас во 2014 година, а потоа и целосна инвазија на Украина минатата година. Не можеме да дозволиме Русија да продолжи да ја поткопува европската безбедност. Мора да го прекинеме кругот на руска агресија. Сојузниците на НАТО никогаш не биле пообединети, рече Столтенберг.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

Се разгорува конфликтот за гас во Европа, Путин ги трие рацете

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски