Столтенберг: Немаме докази дека Кина им дава смртоносна помош на Русите

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека засега нема докази дека Кина и дава смртоносна воена помош на Русија.

„Гледаме многу внимателно и досега не видовме докази дека Кина обезбедува смртоносна воена помош за Русија. Нашата порака (до Кина) е многу јасна: би било голема грешка да се поддржи илегалната војна на претседателот (Владимир) Путин“, рече тој во интервју за Си-Ен-Ен.

Столтенберг ги повика сојузниците од НАТО да достават повеќе оружје во Украина. Тој се осврна и на информациите од објавените документи на Соединетите Држави кои сугерираат дека Украина наскоро би можела да остане без муниција за противвоздушна одбрана.

Тој посочи дека испораката на воена помош ќе биде клучна за да им се помогне на Украинците да ги заземат своите позиции.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО