Столтенберг: НАТО ја прави најфундаменталната промена во својата политика од Студената војна

Од:

НАТО ја прави „најфундаменталната промена“ во својата политика од Студената војна со засилување на присуството на своите источни граници, оцени генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг во напис за Фајненшл тајмс.

Конфликтот во Украина влегува во „критична фаза“ и претстои тешка зима за Киев и неговите партнери, вели Столтенберг.

„Доаѓа зима и ќе биде тешка. Тешка за украинскиот народ и вооружените сили… и тешка за оние од нас кои ги поддржуваме, истакна Столтенберг.

Тој додаде дека НАТО подготвува повеќе од десетина проекти за да и помогне на Украина да ја преброди зимата и да премине од оружје од советската ера на „капацитети според НАТО стандардите“.

Шефот на НАТО истакна дека во последните шест месеци западните земји се во тешка ситуација, загрозени од прекин на снабдувањето со енергија, дестабилизација и народни немири.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинската војска повторно е на руска територија

Катерина Ѓуровски

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

НАТО сака Украина да биде напредна суверена држава откако ќе се постигне мир

Мицкоски: Значително ја подобривме интероперабилноста на нашите вооружени сили со оние на другите сојузници

Министерот Муцунски на министерски состанок на НАТО во Брисел

А1он

ВИДЕО: Четврти руски напад на Харков во една недела, четворица мртви

Катерина Ѓуровски