Столтенберг: На светот му треба лидерството на Германија

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денес го нагласи значењето на германското лидерство за светот, по контроверзниот потег на американскиот претседател Доналд Трамп, кој соопшти дека 9.500 американски војници ќе бидат повлечени од Германија.

„Светот има потреба од повеќе германско лидерство, изјави Столтенберг за Дојче веле. „НАТО има потреба од германско лидерство. Сите имаме потреба Германија да игра уште поважна улога, затоа што Германија е најголемата економија во Европа“.

Коментарот на Столтенберг доаѓа откако минатата недела Трамп ја потврди својата намера да го намали бројот на американски војници во Германија од сегашните 34.000 на 25 000. Германските министри, вклучувајќи ги и министерот за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер и министерот за надворешни работи Хајко Мас го критикуваа планот на Трамп.

Столтенберг додаде дека, пред да го даде официјалното соопштение, за овој потег разговарал и со Трамп и притоа го повикал да го задржи американското присуство во Европа.

„Тоа е важно за Европа, но е важно и за САД,“ изјави тој. „Мирот и стабилноста во Европа придонесуваат за безбедноста на Северна Америка.”

Во интервјуто за Дојче веле, Столтенберг како значително го оцени зголемувањето на буџетот за одбрана на Германија.

„Германија ја ценам како многу силен и важен сојузник. И Германија сега всушност значително повеќе инвестира во одбраната,“ рече Столтенберг.

„Германија сега го има најголемиот буџет за одбрана во Европската унија и е трета во НАТО по Обединетото Кралство и САД … Во несигурни времиња имаме потреба од силни мултифункционални институции”, додаде генералниот секретар на НАТО.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Столтенберг: Прашањето не е дали, туку кога Украина ќе стане членка на НАТО

Горан Наумовски

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис