Столтенберг: На Русија не треба да и се дозволи да победи во војната во Украина

Од:

– На Русија не треба да и се дозволи да победи во војната во Украина, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, пренесуваат британските медиуми.

-Во наш интерес е овој вид на агресивна политика да не успее, рече тој во говорот пред партискиот подмладок на Работничката партија во неговата родна Норвешка.

Војната на Русија во Украина е напад на актуелниот светски поредок, посочи Столтенберг. Тој изјави дека Европа се наоѓа во „најопасната ситуација за неа од Втората светска војна“.

Столтенберг додаде дека доколку рускиот претседател Владимир Путин реши да направи нешто слично со земја од НАТО, тогаш целата Алијанса ќе одговори.

Генералниот секретар на НАТО говореше на состанокот на млади активисти организиран од Норвешката работничка партија на островот Јутоја, во областа Осло.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

Путин: Ако Западот престане да го поддржува Киев, конфликтот во Украина ќе заврши за два месеца или помалку

А1он

Жесток разговор на Трамп и данската премиерка за Гренланд

А1он

Следува големо протерување од Словачка на странски државјани кои ги организираат протестите

А1он

Закани кон Орбан: Ќе има последици ако не поддржиш санкции за Русија

А1он

ВИДЕО: Руски патнички авион излета од пистата

Предраг Петровиќ