Путин нареди регрутација, 160.000 луѓе се приклучуваат на армијата од април до јули

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин нареди регрутирање на 160.000 луѓе во воена служба во периодот од април до јули 2025 година, објавено е денеска на официјалниот портал за правни информации.

Во наредбата се наведува дека од 1 април до 15 јули годинава треба да се регрутираат руски државјани на возраст од 18 до 30 години кои не се во резервниот состав, пренесе Интерфакс.

Путин и наложи на владата да обезбеди спроведување на мерките поврзани со мобилизација на руските граѓани за воена служба.

Според официјалните податоци, на последниот есенски повик за задолжителен воен рок биле испратени 133.000 нови регрути.

Врз основа на указот на Путин, за време на пролетната кампања минатата година, 150.000 луѓе беа повикани на воена служба.

На 1 јануари 2024 година, максималната старосна граница за воена служба во Русија беше зголемена на 30 години.

Би можело да ве интересира

Виткоф и Кушнер го напуштија Кремљ по два часа разговори со Путин

А1он

Путин: Русија е подготвена за војна со Европа!

А1он

Лавров: Ако Зеленски сака да се сретне со Путин, ќе мора да дојде во Москва

А1он

Путин: Илон Маск е вистински гениј!

А1он

„Фајненшел тајмс“: Русија бeше подготвена да се повлече во 2023 година, Зеленски го одби предлогот

А1он

„Путин не е светски лидер, туку воен злосторник“

А1он