Столтенберг го „олади“ Зеленски: Украина нема да може да влезе во НАТО се додека во таа земја има војна

Од:

Украина нема да може да влезе во НАТО се додека во таа земја има војна, изјави денеска на Форумот во Брисел генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

– Мислам дека сите разбраа дека да се стане членка среде војна не е на дневен ред. Прашањето е што ќе се случи кога војната ќе заврши – рече Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО е во посета на Брисел, каде што присуствува на настан организиран од Германскиот Маршалов фонд на САД.

Претседателот на украинскиот парламент, Руслан Стефанчук, вчера изјави дека 18 членки на НАТО го поддржуваат барањето на неговата земја да се приклучи на организацијата.

Би можело да ве интересира

Руски воен блогер: Ситуацијата во Донецк од час во час станува се поалармантна

Пригожин: Украинците ги враќаат загубените позиции во Бахмут

ВИДЕО: Дронови паднаа на автопат јужно од Москва

Платеници од Полска се борат и во рускиот Белгород

(ВИДЕО) Украинците споделуваат видео: Војската моли за тишина

Катерина Павлова-Николовска

Украинска армија: Нема да објавиме почеток на контраофанзивата

Ана Ололовска