Сто седумдесет и една држава ќе го потпишат Парискиот договор за климата

Од:

Во централата на Обединети нации во Њујорк денеска 171 земја ќе го потпишат Парискиот договор за климата, изјави генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.

– Тоа е историски момент. Никогаш досега толкав голем број држави не потпишале меѓународен договор во еден ден, истакна Бан на почетокот на церемонијата.

Новиот глобален договор за борба против климатските промени беше договорен на конференција во Париз во декември минатата година. Со него се предвидува да не се дозволи просечната температура на Земјата да се зголеми повеќе од два степени Целзиусови во однос на температурата од прединдустриската епоха.

Договорот стапува во сила откако ќе биде ратификуван од 55 земји. 

Би можело да ве интересира

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

A1on

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска

Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти

Ана Ололовска

Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Ана Ололовска