Стејт департментот одобри продажба на оружје на Израел, го заобиколи Конгресот

Од:

Американскиот Стејт департмент одобри уште една продажба на оружје на Израел во вредност од неколку милиони долари, заобиколувајќи го Конгресот, пренесува ДПА.

Одбранбената агенција за безбедност и соработка соопшти дека државниот секретар Антони Блинкен утврдил дека „итноста на ситуацијата бара итна продажба на оружје на владата на Израел“ во вредност од околу 147,5 милиони долари, без потреба од вообичаената ревизија на Конгресот.

Оваа одлука е „во национален интерес на САД“, додава агенцијата.

Блинкен на сличен начин го заобиколи Конгресот на 9 декември кога побара „итна“ согласност за продажба на својот израелски сојузник 13.981 гранати од 120 милиметри за да ги опреми борбените тенкови Меркава вклучени во офанзивата на Газа против исламистичкиот Хамас. Вредноста на таа продажба била 106,5 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски