Стејт департментот го осуди истрелувањето ракети од Северна Кореја

Од:

Американскиот Стејт департмент го осуди истрелувањето ракети, извршени од Северна Кореја, со што се нарушува резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации и нагласи оти е недозволиво Пјонгјанг да продолжува да прави провокации.

– САД го осудуваат истрелувањето балистички ракети од Северна Кореја, со што се нарушуваат резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации, со кои строго му се забранува на Пјонгјанг да извршува такви истрелувања, изјави портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер.

– Ги повикуваме сите држави да ги искористат сите можни канали и средства за дејствување за да и дадат на Северна Кореја на знаење дека натамошните провокации се недозволиви, а исто така да преземат чекори за да и покажат на Северна Кореја, какви можат да бидат последиците од таквите активности, рече тој

Тонер ја повика Северна Кореја да се воздржи од провокативни активности и изјави исто така да ги исполнува меѓународните должности и да се врати на сериозни преговори.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ