Стејт департментот бара од Косово да не се укинува судот за воени злосторства

Од:

По американската амбасада во Приштина, и Стејт департментот се огласи во врска со обидите на косовските власти да го укинат новоформираниот специјален суд за воени злосторства, кој треба да им суди на команданти на Ослободителната војска на Косово.

– САД се длабоко загрижени поради неодамнешните обиди во косовскиот Парламент да се укине законот за специјалниот суд, кој беше основан да суди во случаи на наводни злосторства против човештвото, воени злосторства и други сериозни кривични дела извршени за време на конфликтот од 1998 до 2000 година. Ги повикуваме политичките водачи на Република Косово да останат посветени на работата на специјалниот суд и да не го менуваат раководството и овластувањата на судот. Секретарот Тилерсон кажа дека потрагата по правда на Балканот се уште не е завршена и ние остануваме посветени на тоа жртвите да ја добијат правдата. Аплаудираме на моралната храброст на косовското раководство кое го донесе законот и уставниот амандман во 2015 година и овозможи овој суд да се формира. Силно ги повикуваме сегашното косовско раководство и членовите на Парламентот да не го поништуваат ова достигнување со мешање во судот сега, или во иднина, изјави портпаролката на Стејт департментот Хедер Нојерт.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас