Стејт департмент: Жените новинари сѐ повеќе се цел на онлајн малтретирање и злоупореба

Од:

Новинарите се фундаментот на независниот печат, обезбедуваат за јавноста факти и ги повикуваат владите на одговорност често соочувајќи се со опасности и непријателства, затоа на Меѓународниот ден за окончување на неказнивоста на злосторствата против новинарите, САД повторно повикаа обезбедување правда за храбрите новинари низ целиот свет.

Од американскиот Стејт департмент укажаа дека независниот печат ја промовира демократијата и е водечко светло за развојот низ целиот свет, и дека жените новинари се непропорционално (повеќе во однос на мажите) цел на онлајн малтретирање и злоупореба.

-Од 1992 година досега се убиени повеќе од 1.500 новинари и медиумски работници за време на работните задачи. Повеќето од овие случаи остануваат нерасветлени. Според Комитетот за заштита на новинарите, заклучно со декември 2021 година, 294 новинари чмаат по затвори а за извршување на своите работни задачи, рече денеска портпаролот Нед Прајс.

Тој истакна дека новинарите се соочуваат со онлајн закани и напади каде извршителите тешко се идентифицираат.

-Жените новинари се непропорционално цел на онлајн малтретирање и злоупореба, што е соодветно на насилството што тие го искусуваат офлајн. Според анкета на УНЕСКО, поради својата работа 73 отсто од жените новинари се малтретирани онлјан, рече Прајс.

Владите ги преминуваат границите со злоупотреба на дигиталното проследување, ги следат комуникациите на новинарите и каде тие се наоѓаат.

-Дигиталното надгледување и заканите онлајн ги разгоруваат заканите и насилството во реалноста, со крајна цел замолчување на новинарите и спречување да се известуваат точни информации.

Еден од механизмите за заштите на новинарите е Планот за акција на ОН, посочија од Стејт департментот. САД остануваат заложени за отворен и слободен печат низ целиот свет.

-Ги повикуваме владите да ни се приклучат во осудата на криминалот против новинарите и повикување на одговорност на оние кои ја напаѓаат слободата на печатот.

Би можело да ве интересира

САД: Северна Македонија да го одржи духот на Договорот од Преспа

Стејт департмент: Израел уверува дека сака дипломатско решение со Хезболах

Стејт департмент: Реториката на израелските министри е запалива и неодговорна

Стејт департментот одобри продажба на оружје на Израел, го заобиколи Конгресот

Стејт департмент: Договорот за НАТО стапи во сила за Македонија

Кочо Анѓушев и неговата фамилија ставени на црната листа на САД

А1он