Стејт департмент: Реториката на израелските министри е запалива и неодговорна

Од:

Американскиот Стејт департмент ги критикуваше како „запаливи и неодговорни“ неодамнешните изјави на израелските министри Безалел Смотрич и Итамар Бен-Гвир, во кои тие повикаа на преселување на Палестинците од Појасот Газа.

„Оваа реторика е запалива и неодговорна. Владата на Израел, вклучително и премиерот, ни беше кажано повеќе пати дека таквите изјави не ја одразуваат политиката на израелската влада“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Стејт департментот нагласи дека таквите изјави треба „веднаш да престанат“, пренесува Ројтерс.

Во соопштението се истакнува постојано повторуваниот став на САД дека „Газа е палестинска земја и ќе остане палестинска земја, без Хамас на власт и без терористички групи кои би можеле да му се закануваат на Израел“.

Би можело да ве интересира

Премиерката на Северна Ирска: Геноцидот во Газа мора да престане

Израелските војници убија двајца вооружени Палестинци на окупираниот Западен Брег

Во Газа загинале 34.305 луѓе

Хамас: Подготвени сме за примирје со Израел во случај на „решение со две држави“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хамас објави снимка од киднапиран израелски заложник

Хезболах истрела десетици ракети врз пограничен град на северот на Израел