Стефан Шенах пред ПССЕ: Се почувствува отровот на национализмот во Грција

Од:

Австрискиот парламентарец Стефан Шенах зборувајќи пред Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) се осврна на одлуката за промена на името донесена од страна на Македонскиот парламент и националистичките демонстрации во Грција кои, според него, доведоа да се почувствува отровот на национализмот.

Стефан Шенах одлично ја познава ситуацијата во Македонија каде има престојувано повеќе пати во официјални мисии на ПССЕ. Денеска тој зборуваше како портпарол на групата на социјалистите при ПССЕ, за работата на бирото и постојаната комисија на ПССЕ.

– Кога бев во Македонија испратив порака до политичките партии од кои побарав одговорност, да не направат од консултативниот референдум нешто друго. Задоволен од тоа што Парламентот прифати да стане Парламент на Република Северна Македонија, рече портпаролот на групата на социјалистите при ПССЕ.

Понатаму тој изрази жалење за последните настани, националистичките демонстрации во Грција.

– Жалам за случувањата во Грција, каде се почувствува отровот на национализмот. Мислам дека грчкиот парламент треба да го прифати името Република Северна Македонија со што треба навистина да се стави крај конечно на конфликтот за името, заклучи Стефан Шенах.

Би можело да ве интересира

Косово може да стане членка на Советот на Европа

Дик Марти почина на 79-годишна возраст

Советот на Европа го реизбра Александар Николоски за генерален известувач за укинување на смртната казна

Николоски: Македонците во Бугарија се лишени од правото на самоопределување, јазик, образование и здружување

Александар Николоски избран за известител за Босна и Херцеговина од Советот на Европа

Катерина Ѓуровски

Претставници на ЕУ: Патот кон ЕУ е јасен и отворен и нема алтернатива