Старите дизел возила забранети во Брисел од први јануари

Од:

Од први јануари стапува на сила нова регулатива во Брисел со која се забрануваат стари дизел возила, забраните се постепени до 2025-та кога речиси сите дизел возила ќе бидат забранети освен Евро 6.

Целта на мерката е да се подобри квалитетот на воздухот во градот.

Од први јануари забранети се дизел возилата со норма Евро 3 (претходните се веќе забранети), властите пресметале дека околу 47 илјади возила, регистрирани меѓу први јануари 2001 и 31 декември 2005 се засегнати, иако постои можност да се плати за еднодневна дозвола во итни случаи.

Институтот за животна средина става на располагање веб страница на која секој може да провери дали неговото возило смее да влезе во Брисел, платформата важи и за странски регистрации, кои имаат обврска да се регистрираат на платформата претходно.

Старите возила на дизел се забрануваат затоа што емитуваат највеќе опасни честички, додека автомобилите кои возат на гас се сметаат за бензинци.

Од први јануари 2021 пак, Брисел ќе стане целосно “Зона 30“, односно ќе биде забрането да се вози над триесет километри на час, освен на неколку главни артерии во градот каде брзината ќе биде ограничена на 50 или 70 км на час максимум.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски