Стапи во сила Парискиот договор за климатските промени

Од:

Парискиот договор за климатските промени денеска официјално стапи во сила. Со него е извршен притисок врз околу 200 земји да започнат со исполнување на своите планови за намалување на штетните емисии на гасови.

Највисокиот претставник на ОН за климатски прашања, Патрисија Еспиноса го поздрави стапувањето во сила на договорот како потврда за борбата против глобалното затоплување.

– Ова е момент за празнување. Но исто така и момент да се погледне напред со разумна оценка и со волја кон задачата која ни претстои, истакна Еспиноса, генерален секретар на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени.

Договорот, кој е прифатен на конференција во Париз во декември минатата година, има за цел да го ограничи зголемувањето на просечната температура на Земјата под два степена Целзиусови во споредба со прединдустриската ера. Предвидено беше тој да стапи во сила, откако е ратифициран од 55 држави, на кои отпаѓа дел од 55 проценти од светските штетни емисии на гасови, услов кој беше исполнет.

Меѓу државите кои го ратификуваа договорот се и големите загадувачи САД, Кина, Индија, како и ЕУ.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано