Стапи во сила договорот за доставка на руски зенитно-ракетни системи С-300 на Иран

Од:

Договорот за доставување на Иран на руски зенитно-ракетни системи С-300 е потпишан и стапува во сила, изјави денеска Сергеј Шемезов, директор на државната корпорација Ростех, во чиј состав влегува и компанијата Рособоронекспорт.

Тој сепак не прецизираше каква модификација на ракетите ќе му биде доставена на Иран, јави ТАСС.

Претходниот договор за доставки на пет дивизиски ракети С-300 беше потпишан во Техеран во 2007 година, но есента 2010 година Дмитриј Медведев, кој тогаш беше претседател, забрани ракетите да му бидат доставени на Иран.

Договорот со вредност од над 800 милиони долари беше поништен, испратениот аванс му беше вратен на Иран и поради неисполнувањето на договорот Техеран покрена во трговскиот арбитражен суд во Женева тужба против Москва за околу четири милиајрди долари.

Рускиот претседател Владимир Путин оваа година ја укина забраната за доставки на ракети на Иран.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он