Стано: ЕУ е за заживување на дијалогот за разоружување со Русија

Од:

Европската унија се обидува да го обнови билатералниот дијалог со Русија за прашања за разоружување и неширење на нуклеарно оружје, изјави денеска портпаролот на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Питер Стано.

Неговата изјава следува откако рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија силно ги поддржува странските партнери да разговараат за прашања за глобалната стабилност.

– ЕУ работи напорно за зачувување на мултилатералните процеси за разоружување и неширење на нуклеарното оружје. Имаме дијалози за неширење и разоружување со десетина земји и ѝ предложивме на руската страна да го оживее нашиот билатерален дијалог за овие прашања“, изјави Стано за руски медиуми.

Тој додаде дека ЕУ продолжува да ги охрабрува „преговорите за стратешка стабилност меѓу Русија и САД“.

Би можело да ве интересира

Дугин: Колективниот запад се дели на два дела!

А1он

Лавров: Зеленски стана нацист, а Европа сака борбите да продолжат

Хегсет: Америка ги суспендира операциите против Русија

Трамп: Треба повеќе да се грижиме за мигрантите, да не завршиме како Европа

Руски медиуми: На Зеленски не му бега Гвантанамо

А1он

Спречен терористички напад врз митрополитот Тихон во Москва