Дугин: Колективниот запад се дели на два дела!

Од:

Однесувањето на Владимир Зеленски на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп укажува на поделба на Колективниот Запад на два пола – оние кои сакаат да се стави крај на украинскиот конфликт и оние кои сакаат тој да продолжи, изјави рускиот филозоф, политиколог и социолог – Александар Дугин.

„Зеленски беше исфрлен од Белата куќа. Но, ова значи многу повеќе од обично несоодветно однесување. Ова е голем раскол на Западот. По посетата на Зеленски на Овалната соба во САД, во Вашингтон, колективниот Запад едноставно веќе не постои”, рече Дугин на радио „Спутник“.

Според него, Западот е поделен на два пола – Трамп со неговата идеја да стави крај на украинскиот конфликт и глобалисти кои сакаат да ја продолжат војната со Русија во рацете на Украина.

„Западот се расцепува пред нашите очи. Постепено, глобалистичка Европа со Украина и демократите во САД сè повеќе формираат еден вид посебен светски поредок, кој е отфрлен не само од Америка, туку и од самата Европа“, додаде тој.

Претходно портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков оцени дека „кавгата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Владимир Зеленски е настан без преседан“.

„Зеленски покажа, на многу начини, целосен недостиг на дипломатски вештини. Неговите изјави во Белата куќа покажаа дека Киев не сака мир, туку војната да продолжи и дека не е подготвен за преговори. Затоа, во таква ситуација, само напорите на Русија и САД не се доволни за да се реши проблемот“, рече Песков.

Би можело да ве интересира

Трамп размислува за укинување на санкциите кон Русија

Путин ѝ испрати предупредување на Европа за рускиот гас: „Кој на друг му копа јама, самиот паѓа во неа“

Сибиха: Средбата меѓу Зеленски и Путин е неопходна за да се разговара за најчувствителните прашања

Ушаков: Путин му ја гарантира безбедноста на Зеленски доколку дојде во Москва

Дрон удрил во возот во кој беа фудбалерите на „Локомотив Москва“

А1он

Москва е загрижена од плановите на НАТО