Спречен терористички напад врз митрополитот Тихон во Москва

Од:

Федералната служба за безбедност на Руската Федерација (ФСБ) соопшти дека спречила терористички напад врз митрополитот Тихон Шевкунов, кој наводно бил планиран од украинските специјални служби.

Според соопштението на ФСБ, акцијата била планирана да се спроведе за време на престојот на митрополитот Тихон во Москва.

ФСБ изјави дека терористите набавиле експлозив од скривалиште во декември 2024 година.

Еден од уапсените изјави дека планот бил да се постават експлозиви во манастирот Сретенски, а по извршување ба злосторството, терористите планирале да ја напуштат Русија користејќи фалсификувани документи. ФСБ заплени експлозиви и два лажни украински пасоши.

Русин и Украинец се приведени во Москва, наводно регрутирани од Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина преку апликацијата Телеграм.

Дополнително, видео снимката на ФСБ открива дека, по инструкции од Киев, планираниот атентат на митрополитот Тихон го подготвиле неговиот помошник Денис Попович и свештеникот Никита Иванкович.

Би можело да ве интересира

Туск: Полска ќе има клучна улога во европската делегација за преговорите за Украина

Полјански: Европа ги игнорира преговорите за Украина и се држи до старите позиции

Зеленски алармира: Русија сака преку евакуација на цивили да го отвори патот кон нови градови

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Полска ѝ рече „не“ на Украина

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година