„Стандард“: Австрија испраќала севернокорејски пасоши на Јужна Кореја

Од:

Австриските власти се осомничени дека учествувале во шпионска акција против Пјонгјанг, бидејќи на јужнокорејската разузнавачка служба и се дадени повеќе пасоши, кои австриска печатница ги изработила за Северна Кореја, тврди виенскиот весник „Стандард“ и неделникот „Профил“.

Јужнокорејската служба побарала од австриските колеги да добие најмалку три севернокорејски бланко пасоши, што очевидно е направено како што покажува истражувањето на австриските медиуми.

Проследувањето на пасошите е остварено преку Министерството за внатрешни работи, кое има одлични контакти со печатницата „Статсдрукереи“, која го добила тендерот за изработка на нови биометриски пасоши за Северна Кореја.

Северна Кореја порачала вкупно 200.000 пасоши, кои ги добила од виенската печатница, а која во минатото била во државна сопственост, но од 2000 година е приватно претпријатие.

Печатницата досега се нема изјаснето во врска со обвинувањата.

Министерството потврди дека само го анализирала деловниот налог на Северна Кореја до австриската печатница и дека не е утврдена никаква безбедносна пречка.

Австриското Министерство за надворешни работи, пак, изрази загриженост поради ваквите случувања.

Откривањето дека австриската печатница и предала на јужнокорејската разузнавачка служба севернокорејски пасоши би можело да има несогледливи последици.

Според анонимно писмо, кое го добиле редакциите на „Стандард“ и „Профил“ од австриското МВР, претставништвото на јужнокорејската разузнавачка служба во Виена побарало бланко пасоши од својата соседна земја. Во писмото се наведува дека австриските службеници, како награда за посредувањето добиле бесплатен одмор во Јужна Кореја.

Министерството за внатрешни работи тврди дека нема никакви информации во врска со тој случај.

Истовремено се потврдува дека на Јужна Кореја и биле испорачани повеќе пасоши поради запознавање со новата патна исправа, но и дека станува збор за примероци кои се користат само за обука. Тие примероци треба да им помогнат на јужнокорејските власти да разликуваат фалсификат од оригинал.

Инаку Северна Кореја има посебен однос кон Австрија. Последната севернокорејска банка во Европа, „Голден Стар банк“, се наоѓала во Виена до 2004 година, кога била затворена поради обвиненија за шпионажа, перење пари и трговија со нуклеарен материјал.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ