Средбата на Г-20 преку бројки

Од:

ДПА – Берлин

Некои бројки поврзани со средбата на врвот на Г-20 што утре ќе започне во Хамбург:

3 – против толку лидери се очекува да бидат насочени некои од протестите кои ќе учествуваат на сердбата: против Владимир Путин, Реџеп Тајип Ердоган и Доналд Трамп.

11 – полициски геликоптери кои ќе го надлетуваат градот.

14 – пунктови за достап и идентификација до безбедносната зона, одобено околу местото на средбата.

100.000 – очекувани демонстранти.

29 – регистрирани протести поврзани со Г-20, во периодот меѓу 28 јуни и 6 јули.

30 – број на јагниња кои ќе бидат обезбедени за делегацијата на саудискиот крал Салман и кои ќе бидат зготвени од неговите лични готвачи.

36 – бројот на делегациите.

6.000 – приближен број на учесници во 36-те делегации.

38 – квадратни километри на зоната во која се забранети демонстрации.

42 – учесника на средбата на врвот за кои полицијата смета дека се потенцијално изложени на ризик и имаат потреба од специјална заштита.

64 – проценти од населението во светот кои ќе бидат претставувани од лидерите на Г-20.

185 – кучиња кои ќе ги користи полицијата.

70 – коњи кои ќе ги користи полицијата.

400 – килограми колбаси, кои ќе им бидат на располагање на новинарите во меѓународниот медиумски центар.

12.000 – чоколадни десерти кои ќе им бидат на располагање на новинарите во медиумскиот центар.

15 – тони храна кои ќе им бидат на располагање на новинарите во пресцентарот.

19.000 – полицајци кои ќе го обезбедуваат настанот.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија